Економија, финансии, бизнис

Контакт

Протестите против Вучиќ во Србија се посилни, тој им порача да шетаат колку сакаат

Протестите против Вучиќ во Србија се посилни, тој им порача да шетаат колку сакаат

Демонстранти, претежно млади луѓе и вчера се собраа пред зградата на парламентот во соседна Србија уште во 17:30 часот по локално време. 

Оттаму се упатија кон зградата на државната телевизија РТС, каде извикуваа: „Сакаме да пренесувате во живо“. 


За време на протестите на централните улици на Белград демонстрантите скандираа: „Сакаме култура, а не диктатура“, “Оставка“, “Нема да бидеме евтина работна рака“, и др.

Протестите почнаа веднаш по првиот круг од претседателските избори од 2-ри април, на кои победи актуелниот премиер Александар Вучиќ. Учесниците го обвинуваат режимот на Вучиќ за злоупотреба на службената должност, фалсификување на изборите и целосна контрола над медиумите. 

Протести се организираат и во останатиот дел на Србија, главно во градовите.

Вучиќ пак на протестите одговори така што им порача на студентите да шетаат колку сакаат.

Тој ги нарече „празник на демократија“ протестите во Белград и ширум Србија и објаснил дека нема проблем со тоа што луѓето излегуваат на улица и го изразуваат незадоволството се додека е мирно.

„Ова е празник на демократија, склони сме кон полицијата и војската, сакаме да покажаме слободарски дух на Владата. Секој може пред Собранието и Владата да го искаже незадоволството и тоа е во ред додека не го загрозувате уставниот поредок-изјавил Вучиќ кој се огласи по масовните улични протести.

Слично

Поврзани вести