Протестите против пресудата за „Монструм“ ескалираа
Каменување на зградата на Кривичниот суд, напад на полициските кордони и обид да се влезе во судската зграда - неколку илјади граѓани протестираа денеска против пресудата за случајот „Монструм“, а протестите излегоа од контрола.
Полицијата употреби шок бомби, солзавец и водени топови во обид да ја спречи толпата да стигне до Владата.
Протестот за доживотните казни затвор изречени за петкратното убиство кај Смилковското Езеро започна, како што беше најавено, по петочната рамазанска молитва во Јаја Паша џамијата, неколку минути пред 14 часот.
Демонстрантите се незадоволни од пресудата, затоа што според нив немало цврсти докази дека осудените се извршители на грозоморното убиство. Тие бараат оставка од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.
Слично
