Протестите против „Монструм“ стигнаа и до Њујорк
Албанската дијаспора во САД вчера во Њујорк организираше протести за поддршка на македонските Албанци и нивниот револт против пресудата во случајот со петкратното убиство кај Смилковското Езеро.
Како што објави порталот ИНА, за в понеделник се закажани нови протести пред зградата на Обединетите нации во Њујорк, на кои ќе се побарало да се стопира „политички монтираниот случај“.
Американските Албанци исто така не се согласувале со пресудата доживотен затвор за шестемина обвинети. Нивниот протест во понеделник ќе започне напладне и ќе трае три часа.
Слично
