Протестите ќе се прошират и во другите градови
Ќе се протестира во Штип, Куманово и Прилеп.
Од здружението „Протестирам“ соопштуваат дека протести утре ќе има и во Штип, а истото ќе го направат и кумановци кои ќе се соберат пред Основен суд Куманово.
Граѓаните во овие два града ќе го искажат револтот од одлуката за аболиција на претседателот Ѓорѓе Иванов. Тие сметаат дека ваквата одлука е штетна и ја продлабочува кризата во Македонија.
Вечерва протест ќе има во Велес, а во вторник се очекува протести да се одржат и во Прилеп.
Претходните денови освен во Скопје, се протестираше и во Битола и Струмица.
Слично
