Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Протестирам“ утре продолжува со протести

„Протестирам“ утре продолжува со протести

Здружението „Протестирам“ на слоцијалните мрежи информира дека денеска протести нема да има, а со протести ќе продолжат утре.

„Соборци и соборки, изминативе денови беа интензивни и напорни, но и охрабрувачки. Наместо денес, со протести продолжуваме утре (понеделник) во 18 часот,  побројни, покоординирани и со нови сили и енергија. Нема правда, нема мир!“ - пишуваат од „Протестирам“.

„Протестирам“ во изминативе пет дена протестираа против одлуката на претседателот, Ѓорѓе Иванов за помилување на 56 политичари.

Револтот го изразија пред Собранието, Владата, седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и канцеларијата на Иванов.

Слично

Поврзани вести