„Протестирам“ продолжуваат со протестите до исполнување на барањата
Од „Протестирам“ најавуваат дека протестите продолжуваат до исполнување на барањата.
Уставниот суд денескa покажа знаци на живот. Но, тоа не е доволно! Продолжуваме да протестираме до исполнување на барањата, се огласи „Протестирам“ на Фејсбук.
Во 18 часот почнува протестот во Скопје пред Специјалното јавно обвинителство. Во 19 часот почнуваат протестите во Тетово, пред Основениот суд, во Битола на плоштадoт Магнолија, во Радовиш на плоштадот Свети Спасо Радовишки, и во Прилеп кај камената бина. Во Гевгелија протестот почнува подоцна во 19.30 часот, пред Пензионерски дом.
Слично
