Економија, финансии, бизнис

Контакт

Протестираа вработените во тетовската општина – не зеле надоместоци за храна и превоз

Протестираа вработените во тетовската општина – не зеле надоместоци за храна и превоз
Триесетина вработени во тетовската општинска администрација протестираа денеска и половина час го блокираа влезот во зградата на локалната самоуправа. Протестот бил реакција затоа што јануарската плата не добиле надоместоци за храна и превоз. Според вработените, кај дел од нив овие надоместоци изнесувале и до пет илјади денари, во согласност со одлуката што ја донела општината за време на мандатот на претходниот градоначалник Сади Беџети. „Причините ги знае и градоначалничката на општината. Ние сме имале и разговори за да не се донесе таков чекор, кој не е законски. Но, тоа е нејзин став. Јас сметам дека таа не постапила добро“, вели Аднан Незири, вработен во општината. Актуелната градоначалничка Теута Арифи е решена да ги укине екстра надоместоците, за кои општината доби забелешки и од државниот ревизор. „Со таквото зголемување на надоместоците за храна и превоз, општинските службеници имаа поголеми плати од државните службеници, што е спротивно на закон. Токму овие екстра трошоци сега се укинати“, вели Арифи. Општинарите најавуваат дека со протестите ќе продолжат и во следниот период, а доколку одлуката не биде променета, правдата ќе ја бараат и на суд.
Слично

Поврзани вести