Протести за оставки: Еден во Скопје, друг во Струмица!
Денеска беше одржан осмиот протест против полицискта бруталност во главниот град пред Владата на РМ.
Имено, демонстрантите кои протестираат секој ден во 18 и денес побараа оставка од премиерот Никола Груевски и му порачаа дека ќе протестираат се додека не бидат исполнети нивните барања.
Со транспаренти „Македонија се сака со оставки“ и „Готови сте одете си“, побараа да бидат ослободени од притвор активистите кои беа притворени минатата недела.
Бидејќи и денес наидоа на блокиран пат кај Влада од полициските кордони, демонстрантите се упатија кон Основниот суд од каде продолжија кон Собранието каде одржаа неколку говори.
Од друга страна пак, се протестираше и во Струмица.
Струмичани кои излегоа на протест велат дека протестираат од револт кон Зоран Заев кој ја злоупотребувал функцијата.
Тие побараа правно и морално да одговара и да си поднесе оставка, после објавената незаконски снимка на Јутјуб која наводно покажува како струмичкиот градоначалник бара мито.
Во врска со овој случај, Заев вели дека снимката не е пуштена во целост и бара да се пушти целата. Доколку биде објавена цела, а не само сечениот дел тој тврди дека ќе се покаже дека не замал ниту барал мито.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/hRSH3RPZPKc[/embed]