ПРОТЕСТИ: Во потрага по „невозможното“!
Граѓаните стануваат се погласни и посвесни за реалните проблеми со кои секојдневно се соочуваат. Протестите како еден канализиран начин да го изразат својот гнев и незадоволство покажуваат дека тие имаат јасна мисла и цел, што сакаат и што очекуваат – “оставка на актуелната власт и демократизација на целото општество” -порачува Дејан Лутовски од Движењето за социјална правда Ленка. Тој секој ден во 18 часот е на протестните маршеви низ скопските улици. Вели таму и ќе остане се додека не се постигне крајната цел-достоинствен и квалитетен живот за секој граѓанин, ослободен од партиско-политички стеги.
“Последната година се покажа дека приказната за апатичното Македонче лесно се претвора во мит и дека сепак има некоја граница на издржливост кога колективното потиснување лесно се претвора во колективен гнев. Тој гнев беше долго време таложен и го разбудија некои навидум „ситни“ гестови на владеачката елита (државен испит, проблемот со хонорарците) за кои истата таа мислеше дека ќе поминат лесно и без некој поголем отпор. Потоа на ова се надоврзаа малку посериозни работи како случајот на Кежаровски и смртта на младата Тамара и веќе влеговме на некој начин во предреволуционерна ситуација во македонското општество”-вели активистот Лутовски.
За да се најдат решенија, според него не постои инстант-магичен рецепт, но сепак смета дека треба да се делува и да се сослушаат многуте предлози кои одамна доаѓаат од страна на самоорганизираните народни маси, а на тие предлози како што вели, власта е упорно глува.Протестите организирани во повеќе општетствени сфери, додава, станаа заштитен знак на граѓаните, ги исфрлија проблемите на површина и го кренаа гласот на народот слободно да ги искаже и побара своите права. Па така, според Лутовски, на протестите секојдневно се гледаат нови лица кои своеволно и без никакви притисоци се приклучуваат на граѓанските движења, други кои громогласно аплаудираат, ги поздравуваат и заедно со нив во еден глас скандираат “ОСТАВКА”. Ова, вели Лутовски, не е режија, ниту сценарио –туку желба, револт и незадоволство на народот.
“На власта би и` го порачале она што и го порачува целиот организиран отпор последниот период: дека е нелегитимна и дека мора да поднесе оставка, како нужно би дошло до демократизација целото општество. За да се случи некое решение на политичката криза не се доволни разговорите на политичките џинови зад затворени врати, туку е нужна мобилизација од долу која ќе ги потсети овие господа дека својот легитимитет сепак го црпат од многуте мали луѓе”-порачува Лутовски.
Тој како активист и студент по право вели дека сака својата иднина да ја гради овде, во својата земја, иако многумина негови колеги веќе одамна заминале надвор. Според него, најважно е што студентите како идна прогресивна младина ги натераа одговорните на ретерирање од нивните првични позиции. Затоа очекува со континуиран притисок од страна на студентите да се решат и другите погорливи проблеми кои ги засегаат.
“Државниот испит беше само капката која ја прелеа чашата по однос на студентските прашања. Катастрофалните услови во студентските домови, избирократизираните „претставнички“ тела, големите давачки, континуираните упади во автономијата, тоа се посуштинските проблеми со кои се соочуваат студентите. Се гледам себеси овде, на фронтот на социјална и политичка борба, рамо до рамо со моите другари и соборци од движењето “ЛЕНКА”. Очекувам да бидеме реални и да го бараме невозможното” -нагласува студентот по право.
Лутовски ќе биде присутен и на денешниот протест „Правда за Мартин – Нема правда, нема мир!”, бидејќи како што вели и после четири години од убиството на Мартин Нешковски, власта и надлежените институции упорно ја прикриваат вистината и не ја признаваат сопствената вина и одговорност за неговата смрт. Тој уште еднаш, заедно со стотици граѓани, громогласно ќе порача дека Македонија мора да стане држава во која ќе има правда за сите и во која ќе се почитуваат и штитат основните човекови слободи и права.

Слично