Протести во Љубљана против владината политика
Околу илјада луѓе се собраа вечерва во Љубљана на протест против политиката на словенечкото државно раководство, објави интернет портарлот „24 ур“.
Демонстрантите ги повикаа сите да се вклучат во протестите, скандирајќи „парите за народот, а не за банките“ и „крадци, крадци“.
- Вчерашната оставка на Франц Канглер, градоначалник на вториот по големина град Марибот, е само поттик за нас да се бориме за нашите цели, изјави учесник на протестите.
Словенечкиот премиер Јанез Јанша вчера изјави, дека протестите имаат за цел да ја дестабилизираат неговата Влада, како и дека се координирани и дека имаат политички карактер.
Слично
