Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОТЕСТИ ВО БУТЕЛ: Урната оградата околу темелникот за крстот, поставени шатори и албански знамиња

ПРОТЕСТИ ВО БУТЕЛ: Урната оградата околу темелникот за крстот, поставени шатори и албански знамиња
Раководството на ДУИ ги води протестите што во моментов се одвиваат во скопската општина Бутел, каде е поставен камен-темелникот за изградба на 55-метарски крст. Демонстрантите го разурнаа целиот ограден  простор околу темелникот и поставија шатори и албански знамиња, јави НОВА. ДУИ и нивните симпатизери сметаат дека со поставувањето на крстот, се поттикнува верска омраза и велат револтот ќе го изразат со мирен протест. Претходно, пред присутните се обрати и градоначалникот на Чаир, Изет Меџити кој порача дека протестот е резултат на верската поделба која се провоцира со поставување на крстот, бидејќи според него, на крстовите и минарињата, местото им е во верските објекти а не на сред улица. Протесот се одвива под силно полициско обезбедување. (Фото: Meта)
Слично

Поврзани вести