Економија, финансии, бизнис

Контакт

Протести, тужби и лавина од реакции за дуелот Заев – Латас

Протести, тужби и лавина од реакции за дуелот Заев – Латас

Бура од реакции предизвика вчерашното интервју на на главниот и одговорен уредник Драган Павловиќ Латас и лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Најпрво со протести пред Сител тужби против главниот уредник излегоа од Турската заедница, за да го изразат револтот од изјавата на Латас кој на Заев му рече „Ти лажеш како Турчин”.

Од Движењето за национално единство на Турците, на денешниот протест побараа извинување и санкција од раководството на телевизија Сител, како и од владејачката ВМРО- ДПМНЕ. Доколку тоа не се случи, велат, правдата ќе ја побараат и од народниот правобранител.

Во второто издание на синоќешниот дневник, уредникот на телевизијата пак се извини на турскиот народ.
Од турската Амбасада во Скопје го отфрлија ваквото извинување и бараат од раководителите на телевизија Сител да преземат соодвенти мерки против лицето кое користи изрази, како што велат исполнети со омраза и злоба.
Реагираа и двајцата пратеници во Собранието од турската етничка заедница. На денешен ден пред 24 години Турција беше првата земја која ја призна Македонија под уставното име, но за жал, овој ден е засенет од фашистичката изјава на уредникот на Сител, истакна Енес Ибрахим од Партијата за движење на Турците.
Реакции имаше и од институци и здруженија поради „непрофесионално однесување, непристојност и несоодветен третман” во текот на интервјуто.

Советот на честа на Здружението на новинари на Македонија се дистанцира од однесувањето на Драган Павловиќ Латас во текот на интервјуто на ТВ Сител со Зоран Заев, затоа што, како што се наведува во соопштението „ја дискредитира целата новинарска фела и создава искривена слика за неа во македонската јавност“.

„Во својот настап, Павловиќ ги прекрши членовите 10, 11, 14, 15 и 16 од Кодексот на новинарите на Македонија. Тој зборуваше со говорот на омраза и поттикна дискриминација по национална основа. Според нас, Павловиќ не обезбеди професионална дистанца кон гостинот и настапи пристрасно и неизбалансирано" се вели во соопштението.

За Советот за етика во медиумите днесувањето на уредникот на Сител е кршење на етиката во информирањето на јавноста и злоупотреба на неговата функција.

Со реакции се јавија и новинарските здруженија. Македонската асоцијација на новинари застана во одбрана на својот член Драган Павловиќ со образложение дека во Европа немало политичар кој гостува во медиуми а притоа истите ги навредувал и им се заканувал.

Самиот Драган Павловиќ- Латас вели дека дека респектира дел од критиките, како онаа на Агенцијата за медиуми, но вели дека не се издржани.

Слично

Поврзани вести