ПРОТЕСТИ ЦЕЛО ЛЕТО: Шарена револуција и денеска
Борбата на шарените револуционери продолжува и денеска.
На исто стартно место 18 часот пред канцелариите на СЈО ќе почне протестот во кој протестантите ќе искжат став наместо страв, и како што велат ќе покажат лица наместо маски.
И вчера револтираните граѓани со поддршка на здружението Протестирам излегоа пред СЈО во знак на поддршка на таа специјална институција и со звуците на химната прошетаа кон зградата на македонската влада.
Паролата „Не на криминалот, не на аболицијата“ и синоќа беше главна порака од протестите кои веќе повеќе од месец дена се одржуваат во главниот град и ширум земјава.
„Од оваа борба нема да се откажеме. Пред нас е избор-или тоталитарен мрак или улица-порачаа организаторите од движењето „Протестира“ напоменувајќи дека е можно во протести да им помине цело лето.
