Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ЕКСТЕРНО: Сенатот на УКИМ расправа за барањата на студентите

ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ЕКСТЕРНО: Сенатот на УКИМ расправа за барањата на студентите
Околу двесте студенти со собир пред Ректоратот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ побараа универизтетскиот Сенат да расправа и да заземе став за предлогот за воведување екстерно тестирање во високото образование. „Ставете не на дневен ред“, „Не го силувајте образованието“, „Ние имаме само една книша - се вика индекс“ - се само дел од пораките кои со транспаренти ги упатија до универзитетската управа. Транспарент со натпис „Стоп за екстерно“ тие закачија и на споменикот на просветителите Кирил и Методиј, на универзитетското плато. Студентите не се согласуваат со владините планови да се воведат екстерни тестови на факултетите. За ова бараат поддршка и од високообразовните институции. Министерот за образование Абдилаќим Адеми најави дека двата екстерни испити во втора и четврта година би биле ликвидациски, односно без нив студентите не би можеле да го продолжат високото образование. На седницата на универзитетскиот Сенат, која започна околу пладне, беа повикани и двајца студенти да учествуваат и да ги изнесат ставовите на насобраните. За собирот, студентите се организираат преку социјалните мрежи. Во два наврати досега тие организираа мирни собири на кои разменуваа ставови и искажуваа незадоволство од владиниот предлог.
Слично

Поврзани вести