Протести пред Уставен суд: „Ова нема да ви помине!”
На протесто пред зградата на Уставниот суд, стотици граѓани во моментов скандираат оставки за петтемина судии, со чие мнозинство се прифати Иницијативата преку која ќе се разгледува можноста, претседателот на државата може да помилува осудени за изборни измами, но и силувачи, педофили и терористи. „
„Судиите Елена Гошева, Никола Ивановски, Владимир Стојаноски, Вангелина Маркудова и Јован Јосифовски, гласајќи за оваа одлука ги згазија и Уставот и правото и правдата. Нивната постапка покажува дека тие ниту го штитат Уставот, ниту пак, јавниот интерес. Тие се само продолжена рака на партијата на власт и соучесници во изборните кражби, затоа што, причинско-последичната врска меѓу нивната одлука и случајот „Титаник“ кој го води Специјалното јавното обвинителство е повеќе од очигледна, велат од платформата за граѓанска политика „Ајде“, која е иницијатор на протестите пред Уставен суд.
Според демонстрантите, овие пет судии работат по „диктат на тефтерчето“ и поради тоа треба да се повлечат од своите функции или да работат во интерес на граѓаните.
Инаку, Подносител на Иницијативата е Ристо Китевски - млад адвокат од Охрид кој е соработник во канцеларијата на Љубчо Наумовски, еден од адвокатите на Јанкулоска и Темелко - осомничени за злосторничко здружување и изборен фалсификат во случајот „Титаник“.
