Економија, финансии, бизнис

Контакт

Протести пред општина Центар – Дивите пазарџии се борат за праче леб

Протести пред општина Центар – Дивите пазарџии се борат за праче леб

Пред општинската зграда во Центар денеска протестираа пазарџиите од дивиот пазар, кој општината го затвори минатата недела.

Околу педесетината гневни пазарџии кои беа пред општината, бараа да бидат примени на разговор и да им објаснат зошто им го земаат парчето леб што го заработуваат од продавање на стари предмети.

Тие велат дека ќе плаќаат за влез на пазарот, ќе стават и фискални каси, само да ги остават да продаваат. За во петок најавуваат масовен собир на пазарот.

Од Општината велат дека дивиот пазар е расчистен и ќе остане затворен, а другиот дел ќе се користи за полигон за обука на возачи за што има дозвола.

„На овој простор, се продаваше се и сешто, од црви за ловење риба, износена облека, храна со сомнителен квалитет, машини. Можеше за евтини пари да се купи и  украдена стока“, наведуваат во соопштението.

Фото-Курир

Слично

Поврзани вести