Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОТЕСТИ ПРЕД МВР: Mинистерот Спасовски обвинет за случувањата во Бутел

ПРОТЕСТИ ПРЕД МВР: Mинистерот Спасовски обвинет за случувањата во Бутел

Голем број демонстранти, меѓу кои и функционери од општините на ВМРО-ДПМНЕ на протестот пред МВР бараат одговорност и оставка од министерот Оливер Спасовски, од редовите на опозицијата, кој наводно не ги спречил активистите на ДУИ да ги срушат темелите на крстот во Бутел и да постават камп.

Владејачката партија се надоврза на повикот на Светскиот македонски конгрес мирно да се протестира пред Министертвото за внатрешни работи.

„СМК од протестот ќе упати барање до Министерството за внатрешни работи да обезбеди услови за доизградба на крстот во Бутел, да ја врати локацијата во владение на изведувачот на градежните работи и да преземе мерки против сторителите кои го оштетија имотот на градежната парцела “-  стои во соопштението од СМК.

Граѓаните носат транспаренти на кои пишува “Оливер остави професионалци да си ја вршат работата”, “Оливер зошто земаш плата” а дел од демонстрантите се завиткани во македонски знамиња и скандираат “Македонија

Претходно, и градоначалникот на општина Бутел - Петре Латиновски го повика министерот за внатрешни работи со асистенција да го ослободи просторот на кружниот тек во Бутел каде е најавената изградба на 55- метарскиот крст.

Инаку, членовите на ДУИ вчеравечер го тргнаа кампот, кој  беше поставен на местото каде што ќе се гради крстот, но не се откажуваат од своите барања.

Од ДУИ кажаа дека се повлекуваат за да им овозможат на православните верници утре слободно да ги посетат гробиштата на Задушница. Но, ќе продолжат институционално да го решаваат проблемот и со помош на меѓународната заедница.

(Фото: ПлусИнфо)

Слично

Поврзани вести