Економија, финансии, бизнис

Контакт

Протести пред БПЦ: Одлуката ја донеле под странски диктат

Протести пред БПЦ: Одлуката ја донеле под странски диктат

Пред седиштето на Синодот на Бугарската православна црква во Софија денеска се одржува протест поради одлуката да не се учествува на одбележувањето на илјадагодишнината од основањето на Охридската архиепископија на  27 мај во Охрид.

Организаторот, Фондацијата „Бугарска памет“, смета дека одлуката е донесена под странски диктат и без знаење на бугарскиот патријарх Неофит.

- Треба да се провери странското влијание врз бугарските институции кои рабаотат како држава во држава во корист на туѓи интереси. Одлуката на Синодот на БПЦ е донесена под странски диктат, изјави Врабевски.

Учесниците на протестот бараат одговор од Синодот на БПЦ за последната одлука да му се забрани на бугарскиот висок клир да учествува на чествувањето на илјадагодишнината на Охридската архиепископија.

Синодот на БПЦ на 14 мај донесе одлука да не биде прифатена поканата на поглаварот на МПЦ ОА г.г. Стефан за заедничко одбележување на илјадагодишниот јубилеј на Охридската архипеископија. За таа одлука гласале осум бугарски владици, а четворица биле против. На синодската седница на која била донесена одлуката не присуствувал поглаварот на БПЦ, патријархот Неофит.


Слично

Поврзани вести