Протестен перформанс пред зградата на МРТ
Протест пред зградата на Македонската радио телевизија, денеска одржаа членовите на Платформата за граѓанска политика – АЈДЕ, со цел да упатат порака до националниот радиодифузен сервис дека треба да им служи на граѓаните, а не како што велат, да биде мегафон на власта.
Перформансот започна со симболично рушење на триметарски картонски медиумски диктатор и симнување на розовите очила, што секој од учесниците ги носеше на себе, покажувајќи дека јавниот сервис треба конечно да почне да информира за она што навистина се случува во државата.
Протестниот перформанс траеше околу еден час , новинарите и граѓанските активисти говореа за слободата на изразување и за пропагандата и улогата на МРТ како јавен радиодифузен сервис.
Граѓанската активистка Јана Коцевска рече дека е време да се окупира зградата на телевизијата по примерот на студентите кои го окупираа универзитетот.
,,Мислам дека е време, ние и новинарите заедно да влеземе во оваа „празна зграда“. АЈДЕ да ја окупираме. Студентите ни покажаа како тоа се прави. Тој пример ни покажа дека имаме сила да ги менуваме работите кои веќе долго време се движат во ќор сокак “ – повика Коцевска.
Според новинарот Зоран Бојаровски, телевизијата им припаѓа на граѓаните и треба да работи за нивни интереси, а не да застапува интереси на одредена политичка партија.
,, Колеги, одважете се и повратете си го суверенитетот што ви припаѓа!” – рече Бојаровски во своето обраќање до новинарите од МРТ.
Слично
