Протестантите се пред Фондот, ќе одат кон Министерството, се бараат оставки!
По оставката на Маја Парнаџиева, пртетстантите очекуваат оставка и од Министерот Тодоров. Ги обвинуваат надлежните дека дозволија да згасне еден млад живот.
„Убијци“, „Затвор за Вас“ се дел од пораките кои ги извикуваат насобраните. Ним им се придружуваат и други граѓани. Од пред Фондот за здравство ќе се упатат кон Министерството. Претходно Парнаџиева изјави дека е воспитана да помога, а не како ладен бирократ. „Денес објавувам дека од човечки причини решив да се повлечам од функцијата директор на ФЗОМ“ – изјавила таа.


Слично
