Протест во Тетово поради 3 евра квадрат за експропријација за Коридор 8
Жителите на Голема Речица протестираа во Тетово затоа што, како што тврдат, нивните земјишта што треба да се експропираатза изградба на Коридорот 8 се плаќаат по многу ниска цена. Тие велат дека не се против изградба на патна инфраструктура, но цената од 3 или 4 евра за квадратен метар е смешна и неприфатлива.
„Нашите ниви и земјишта се дело на нашите семејства, тие се извор на нашата егзистенција и наследство што им го оставаме на нашите деца. Не е фер што ги зема по многу ниски цени Владата на Република Македонија, без да ја земе предвид реалната вредност и штетата предизвикана на сопствениците. Бараме фер надомест, транспарентност од државата и еднаквост за секој граѓанин погоден од проектот Коридор 8“.
„И денес, апелираме до владата, до нашите пратеници да ја земат предвид оваа наша иницијатива, бидејќи ние немаме друга страна. Како министри, како пратеници, тие мора да го земат предвид нашиот труд. Нашите земјишта не можат да се платат со 3 евра. Вредноста на ова земјиште е многу поголема отколку што мислат“.
„Ние не сме против коридорот, против развојот, против било што, но нека ја ценат земјата колку што вреди. Ова не е земја од категорија 5, 6, ова е прва категорија. Првата категорија има друга цена. Ние не сме во планините, ние сме во полињата. Ако земеме и засадиме 1 квадратен метар земја, тоа ќе даде производ што дава 240 денари. Ќе се земе еднаш и никогаш нема да се врати““, се дел од пораките што ги испратија граѓаните.
Жителите велат дека квадратен метар за 3 или 4 евра е неприфатлив за нив, додека според нив, со која било земјоделска култура, вредноста на одгледуваното овошје ќе биде поголема од она што им се нуди како надомест за експропријација.
