Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОТЕСТ ВО САРАЕВО: Вакцини не стигнуваат, епидемиолошката состојба катастрофална

ПРОТЕСТ ВО САРАЕВО: Вакцини не стигнуваат, епидемиолошката состојба катастрофална

Голем број граѓани се собраа во Сараево да изразат револт, као што велат, поради ненабавката на вакцини и загрозување на јавното здравје. Протестите се организирани преку социјалните мрежи наречени „Борба за живот“, пишува Н1.

Граѓаните го блокираа главниот пат во близина на Парламентарното собрание на БиХ, а на властите им порачаа со транспаренти: „Заработете плата“, „ПЦР тест задолжителен за сите што влегуваат во БиХ“, „Доста е“, „Дали спиете мирно“.

Неформалната група „Борба за живот“ бара оставка или цврсти гаранции од раководството дека масовната имунизација ќе започне до крајот на април.

Списокот на барања на организаторите вклучува замена на стариот и назначување на нов состав на Советот на министри на БиХ и Владата на ФБиХ, кој има рок од 14 дена да излезе со јасен и реален план за управување со кризи и борба против пандемијата, како и итно воведување на ПЦР-тестови за сите што влегуваат во БиХ.

Одреден е рок од седум дена за исполнување на овие барања, односно до 13. април, бидејќи, како што наведуваат организаторите на протестот, секој ден е коцкање со животите на граѓаните.

ФОТО/ N1

Слично

Поврзани вести