Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОТЕСТ ВО 18Ч: Шарена револуција се враќа на улицата

ПРОТЕСТ ВО 18Ч: Шарена револуција се враќа на улицата

Шарените револуционери повикаа на протест во 18 часот пред добро познатото стартно место, канцелариите на Спцијалното јавно обвинителство.

Организаторите на протестите кои веќе два месеци траат на улиците ширум земјава го прашуваат Уставен суд дали планира да се произнесе за Специјалното јавно обвинителство или планира да го укине?

„Додека обројуваме за одговор на ова прашање, прогонот врз демонстрантите се уште трае. Наместо повлекување на пријавите, добиваме информации за нови прекршочни и кривични“; велат од шарената револуција.

Тие порачуваат дека ќе бидат бескомпромисни и нема да дозволат криминалците да останат неказнети, а демонстрантите да бидат под прогон!

„Многу сме, моќни сме, секој/а од нас споделува силна идеја за праведна држава и слободно општество и тоа ќе го покажеме преку нашите следни дејствија!“, порачуваат во денешната најава за протест.

Слично

Поврзани вести