Економија, финансии, бизнис

Контакт

Протест против загадувањето на „Железара“

Протест против загадувањето на „Железара“
„Сакаме чист воздух!“ со оваа парола протестираа жителите на Железара и Автокоманда, незадоволни од загадувањето и нечистиот воздух што го дишат со години. Велат дека оџаците на фабриката „Макстил“ го трујат воздухот, а никој ништо не презема. „Ова е собир на жители кои револтирани поради постојаниот чад и издувни гасови. Казните не се решение, туку дозволите и поставувањето на филтри. Не сакаме да ги ризикуваме животот и иднината на нашите деца и затоа бараме рокот да за поставување на филтри да не се прологира“, изјави Жан Станоевски од Балкан нет Фондација. Доколку надлежните не ја санираат состојбата и не побараат одговорност од фирмите, жителите на овие населби најавуваат и порадикални протести. Минатиот месец Владата дозволи одложување на роковите за еколошки дозволи на Макстил и Југохром до крајот на октомври годинава, кога компаниите треба да ги комплетираат сите технолошки процеси, или ќе се соочат со казни од повеќе стотици илјади евра.
Слично

Поврзани вести