Протест против пресудата за Кежаровски
Членови на новинарската фела како и на поголем број граѓански здруженија денеска пред апелациониот суд во Скопје ќе одржат протест против одлуката со која Томислав Кежаровски повторно беше вратен во затворот во Идризово за одлежување на затворска казна.
Новинарските здруженија добија поддршка и од поголем број граѓански организации, а од ЗНМ истакнуваат дека денешниот протест не е притисок врз судството туку поддршка која треба да ги охрабри судиите да се спротистават на притисоците од власта.
На иницијативниот одбор за негово ослободување, синдикатот на новинари и на ЗНМ, поддршка им најавија и од професорскиот и студентскиот пленум, претставници на невладини организации и на опозициските партиии.
Иницијативниот одбор за ослободување на Кежаровски и Здружението на новинари порачува дека казната за новинарот е против слободата на изразување.
Со осуда по одлуката на апелациониот суд со која му беше намалена затворската казна на Кежаровски од четири ипол години на две, се јавија и меѓународните новинарски здруженија од балканските земји.
По одлуката на Апелација, Кежаровски експресно беше спроведен во затворот Идризово.
Слично
