Економија, финансии, бизнис

Контакт

Протест пред Влада: Двајца демонстранти добија условна казна

Протест пред Влада: Двајца демонстранти добија условна казна

На петти мај пред Влада се одржуваа протести кои ескалираа при кои полицијата и демонстрантите се судрија.

При тој судир неколкумина полицајци и демонстранти беа повредени и уапсени беа неколку млади лица кои протестираа.

Пред околу десетина дена уапсените седнаа на обвинителна клупа, при што сите демонстранти беа осудени на условни казни, седум од вкупно деветте обвинети  добија условни казни од 3 месеци, еден од нив доби условна казна од 1 година и еден од обвинетите е осуден на 10 месеци затвор, бидејќи е веќе осудуван за слично дело.

Против сите нив се водеше постапка за „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службено дејствие"“.

„На главната расправа обвинетите С.П. и Б.Т., како што самите се произнесоа во судницата, доброволно, свесни за правните последици и неприсилени од никого го признаа делото што им се става на товар, па со оглед на тоа судот ги огласи за виновни и ценејќи ги одредбите од ЗКП како и правилникот за одмерување на казни кој е на сила, им одреди алтернативни мерки – Условна казна од 3 месеци затвор која казна нема да се изврши доколку во  тек на една година не сторат ново кривично дело. Воедно на обвинетиот С.П., судот му определ и мерка заштитен надзор со обврска во рок од една година да се подложи на лекување во соодветна специјализирана установа, додека пак надзорот се доверува и го врши надлежен социјален орган“, стои во соопштението на судот.

За обвинетите Б.Ј. и А.Т., кои не го искористија правото кое произлегува од одредбите на ЗКП за признание на вина, судот ја раздвои постапката и закажа главна расправа на 5 јуни  во 9.15 часот. Дел од демонстрантите беа и студенти од неколку факултети и членови на Студентскиот пленум, кои се ослободени од притвор и добија условна казна од три месеци, која нема да се изврши доколку обвинетите во рок од една година не го повторат делото.
Протестите на 5 мај беа организирани откако опозицијата објави аудио снимки во кои што високи функционери од власта наводно се обиделе да го скријат убиството на Нешкоски, кое се случи ноќта помеѓу 5 и 6 јуни 2011 година, додека власта ја славеше изборната победа.

Слично

Поврзани вести