Протест пред Музејот на ВМРО
Не стивнуваат реакциите за пресудата за новинарот Томислав Кежаровски, иницијативниот одбор за негово ослободување пак за денеска напладне најави протест пред Музејот на ВМРО, на 23 октомври -Денот на македонската револуционерна борба.
Од одборот повикаа присутните со молк и облечени во црно, на еден симболичен начин да го искажат својот револт поради , како што велат, заробената медиумска слобода.
Упарија апел до сите новинарите, медиумските работници, но и граѓани заедно да злезат на протест и да ја одбележат борбата за слобода и во нејзино име да изразат несогласување со затворската казна во траење од четири и пол години, која пред два дена беше изречена на Кежаровски.
Новинарот беше уапсен во полициската акција „Ликвидација“, за напишан текст пред пет години, во кој се тврди дека оддал информации за заштитен сведок. Тој ги отфрли обвинувањата и тврдеше дека во текстовите открил дека се работи за лажен сведок во случајот „Ореше“.
Слично
