Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОТЕСТ: Новите измени за придонеси ќе ги погодат лицата кои се во најнезавидна положба

ПРОТЕСТ: Новите измени за придонеси ќе ги погодат лицата кои се во најнезавидна положба
Незадоволството од измените со кои се предвидува плаќање придонеси за хонорарите од утре ќе почне да се прелева и на улица. Потписниците на Повелбата за солидарност со поддршка од голем број здруженија, организации и поединци утре со почеток во 12 часот ќе излезат за да кажат „НЕ“ на овие како што велат штетни измени кои според нив ќе ги погодат најзагрозените случаи. „До протестот доаѓа откако барањето средба со ресорното министерство за запирање на примената на измените за плаќања за хонорарите не наиде на одговор и Владата остана на решението за кое сметаме дека дополнително ќе го осиромаши најзагрозениот дел од работниците – оние кои не можејќи да најдат редовно вработување се принудени да се борат за својата егзистенција работејќи за хонорар, кој најчесто не е ниту редовен ниту висок“, се вели во соопштението на Самостојниот синдикат на новинарите. Протестната поворка на која се поканети сите граѓани и на која треба мирно и без партиски и други симболи тие да го изразат своето несогласување со законските измени ќе се формира во „Жена парк“ во центарот на Скопје, а ќе се движи од Собранието преку Министерството за труд и социјална работа до Владата.
Слично

Поврзани вести