Протест на опозицијата: Која е денешната маршута низ Скопје?
Опозицијата и денеска продолжува со протестниот караван ни Скопје и останува надвор од Собранието. Собирното место е на пладне кај салата МЗТ во населбата Аеродром, а автомобилите ќе се движат по следнава маршута:
Караванот од салата тргнува по булевар „АВНОЈ“ кон „Мајчин Дом“ и продолжува по булеварот „Јане Сандански“.
На крстосницата се врти лево по булеварот „Кузман Јосифовски Питу“, покрај Народна банка, сѐ до крстосницата со булеварот „Крсте Петков Мисирков“.
Таму караванот врти десно, кон Бит Пазар и продолжува право по улицата „Цветан Димов“ и „Христијан Тодоровски Карпош“ во Чаир.
Потоа, по улицата „Босна и Херцеговина“ и „Македонско-Косовска бригада“ се движи низ населбите Бутел и Топанско поле, сѐ до булеварот „Никола Карев“ (Пластичарска), каде се врти лево.
На клучката, караванот врти десно по булеварот „Крсте Петков Мисирков“ и преку булеварите „Гоце Делчев“ и „Илинденска“ пристигнува пред зградата на Влада на РМ, стои во соопштението на опозиционерите.
Слично
