Протест на хонорарците против измените за придонеси
Незадоволството од измените на законот за хонорарците со кои се предвидува плаќање придонеси и за оваа категорија работници ги обедини Новинари, преведувачи, актери, музичари, граѓански активисти, членови на невладини организации заедно да кажат „НЕ“ на ваквата според нив „лоша“ законска регулатива.
За денеска во 12 часот тие најавија дека излегуваат на протест за да се спротистават на оваа одлука која според нив ќе ја погоди најранливата категорија, односно работниците кои едвај успеваат нешто да заработат, во вид на хонорар, за да се изборат за својата егзистенција.
Новите законски измени предвидуваат да се плаќаат придонеси за лицата чии хонорари се повисоки од утврдената минималната плата во земјава. Како што се вели во оваа законска регулатива, доколку средствата по основ на хонорар доаѓаат од еден извор, или доколку работникот зема хонорар од едно место и тој е повисок од минималната плата, тогаш должен да плати придонеси за него е работодавачот. Но, доколку хонорарот ја надминува минималната плата во земјава, а доаѓа од повеќе места, односно работникот заработува по основ на хонорар од две или повеќе работни места, тогаш тој е должен сам да си ги подмири овие давачки кон државата.
[button color="red" size="big" link="http://faktor.mk/2014/12/22/prirachnik-za-pridonesi-koj-kako-koga-i-kolku-ke-se-plaka/" ]ПРИРАЧНИК ЗА ПРИДОНЕСИ: Кој, како, кога и колку ќе плаќа?[/button]
Хонорарните работници се револтирани и од грубата поделба со која се предвидува носителите на јавни функции да и платат на државата само 10 отсто од своите хонорари.
На хонорарците ќе им се приклучат организации и граѓаните кои новата мерка на Владата ја сметаат за некоректна и начин како од нивниот џеб да се покријат дупките во буџетот кои власта самата ги прави со ненаменско трошење на средства.
Вчера и студентскиот пленум соопшти дека ќе се приклучи на протестите против измените на законот за хонорари.
Од Владата велат дека нема да има пролонгирање на рокот на законот за хонорарци, за кој поддршка дадоа и девет гранкови синдикати од конфедерацијата на синдикати, и тој ќе стапи на сила на 1 јануари.
Слично
