Протест на хонорарните работници
Хонорарците денеска ќе протестираат со три клучни барања:
1) Да се повлечат законските измени со кои се воведува плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување за хонорарите
2) Преку засилени инспекции на Инспекторатот за труд да бидат отстранети случаите на прикриен работен однос, односно на наметнатото вршење работа без договор или врз основа на договор за дело, при што на работниците не им се плаќаат придонеси од задолжително социјално осигурување
3) Да се повиши или укине највисоката месечна основица за пресметување и уплата на придонесите од плата кои сега изнесува 6 просечни плати.
Неодамна власта донесе Закон со кој ќе им наплаќа придонеси на сите граѓани кои ќе имаат прилив над 9.500 денари колку што изнесува најниската плата.
Дел од синдикатите во интервју за Фактор велат дека веќе трпат штети од новите решенија. Од Синдикатот за култура велат дека законските одредби ќе девалвираат уметноста и креативноста. Резултатите во уметноста не се мерливи со никакви статистички показатели, а повторно ставање на лимити значи дестимулирање за секој граѓанин кој има можност и има интелектуални капацитети и може да искреира повисок обем на работа, вели Виктор Илиески, претседател на Синдикатот за култура.
Фактор Дали со новите законски решенија очекувате да ви се намалат ангажманите и крајно висината на хонорарите?
Илиески: Во овие месец и половина штетата е веќе направена. Ангажманите згаснаа, немаше експерт во Македонија кој до 06.02.2015 година знаеше како ќе се пресметуваат дополнителните давачки.Таквиот начин на функционирање е недопусливо, бидејќи кога се носи еден закон и во моментот кога треба да стапи на сила треба да се знаат сите правила и прописи. Како ние да прифаќаме ангажмани кога не ја знаевме точната цена на трудот.Ние сме специфична фела, каде што имаме конкретни стандарди за прифаќање на дополнителни проекти, имаме своја цена, во ситуацијата не дозволивме сами да си ја спуштиме цената. Како последица од новата ситуација имавме предлози да ги стопираме сите хонорарни настапи надвор од институциите.
Слично
