Протест на борците од НОБ, си ги бараат назад своите простории
Членовите на Сојузот на борците од НОБ протестираа денеска во центарот на Скопје поради тоа што утрово им беше оневозможено од страна на полиција и приватно обезбедување, да влезат во просториите на Сојузот на борци во Домот на инвалиди. те се лути на како што велат, бесправно одземениот имот на организацијата.
„Дојдовме на марш за неправедно одземање на нашиот дом со којшто управуваме 50 години и преку кој ги реализиравме нашите програми за да не се заборават жртвите од НОБ“, изјави Ѓорги Георгиевски.
Во писмото што беше поделено на протестниот марш се наведува дека Сојузот на борците на Македонија, невладина, непартиска и мултиетничка патриотска организација која ги негува придобивките и традициите од НОАВМ, го искажува својот револт против флагрантното нарушување на уставните принципи за владеење на правото заради одземање на имотот и работните простории на Сојузот.
Најавија дека нема да престанат со својата борба да го задржат единствениот имот што го имаат - просториите каде што досега се состануваа и ги промовира продобивките од антифашистичката и народно ослободителна војна.