ПРОТЕСТ: Културата не ви ја трпи тортурата! Уметниците го кренаа гласот!
Вработените во културните институции денеска ќе протестираат пред Министерството за култура. Тие сметаат дека културата се „загушува“ од закони носени под диктат. Уметниците и вработените во овие институции бараат достоинствено вреднување на нивната работа.За протестот и за очекувањата за Фактор говори претседателот на Синдикатот на културата на Република Македонија Виктор Илиески, кој тврди дека протестот нема политичка заднина. Но, како и во секоја професија, така и во културата - при секој протест, можен е и контрапротест.
Фактор: Културата не ви ја трпи тортурата. Ова е мотото на денешниот протест. Чија тортура не може да се трпи?
Илиески: Станува збор за гушење на културата и културните вредности, со носење на законски регулативи под диктат. Изработени се закони во кои преовладуваат санкционирања, казнувања, дисциплинирања итн. Со сите тие небулозни решенија се уништува креативниот порив на уметниците. Имено, од 2011 до 2015 година, во Законодавниот дом над 60 проценти од законите се донесени по скратена постапка. Во 2014 година изгласани беа обемни измени од Законот за култура без консултација, размена на мислења, јавни дебати со Синдикатот како репрезент на вработените од културата.
Фактор:.Кои се Вашите барања, зошто протести?
Илиески: Одлуката на советот на Синдикатот на културата на Р. Македонија е барање за:
-Повлекување на законските измени од 2014 година од Законот за култура
-Преговори за колективен договор со кој ќе се унапреди културата со сите дејности
-Покачување и нивелирање на платите во културата и конечно достоинстѕвен статус на сите вработени во културата.
Фактор:Дали пред да донесете одлука за протест имавте средба со министерката за култура и дали имало обиди за дијалог?
[caption id="attachment_213248" align="alignright" width="401"]
Политиката е право на избор на секој поединец, но не ги оправдувам оние кои имаат раководни позиции во институциите од елитната култура, кои што треба да се огледало и пример на народот, а секојдневно имаат дискриминирачки изјави кон граѓаните кои размислуваат различно од нив.[/caption]
Илиески: За законските измени бевме информирани од собраниски служби, по итна постаока изгласани беа 145 закони. Заедно со нашите правни застапници ги анализиравме измените, бевме фрапирани од донесените решенија. Се одржа состанок во Министерството за култура ви однос на Законот. На истиот состанок после извесно време изненадно се приклучија колеги од фелата, повикани од Министерството се со цел да го бранат Законот. Клиентализмот преовлада кај колегите. Состанокот немаше поента. На иснтитуционално ниво, Синдикатот со дирекцијата на Македонската Филхармонија направи предлози со забелешки во однос на повеќе членови. Истите беа испратени до Министерството за култура, иако пред два месеци имаше најнова корекција во Собранието на неколку членови од Законот, но очигледно надлежните немаа слух за било какви измени на Законот.
Фактор: Дали уметниците се обединети или разединети, во ова време невреме кога во сите сфери на општеството се применува проверениот рецепт „Раздели па владеј“? Од колку синдикати и вработени од кои институции ќе протестираат?
Илиески: СКРМ е гранков синдикат во културата кој што во моментов ги обединува најголемите институции од различни дејности од културата. Конечно се регистрираа синдикалните организации кои бесправно и намерно беа блокирани во лавиринтите на надлежните институции. Повеќе од очигледно по сите постапки на Министерството за култура, нема интерес да има на сцената Синдикат кој што ќе ги обединува сите институции на културата, кој што реално ќе ги застапува правата на вработените од културата. Голем бепе мотивот за обединување на сите институции од културата во еден самостоен гранков синдикат. Има конкретни ситуации каде што директорите на институциите од културата инсистираат преку вработените да членуваат во СОНК. Со таквиот начин ја злоупотребуваат својата функција. Во следниот период јавно ќе ги обелоденуваме конкретните ситуации.
Фактор: Очекувате ли контрапротест?
Илиески:Граѓанскиот сектор во нашето општество не се изненадува од парадоксите на времето во кое живееме. Очекувам да има соопштенија на СОНК, со кои како и секогаш ќе ги бранат ставовите на Министерството за култура.
Фактор: Колкава е просечната плата во културата? Дали еден уметник со платата може достоинствено да живее?
Илиески:Во културата е алармантна ситуацијата со платите. Имате доктори на науки, чувари на културното наследство со потпросечна плата, хорски и балетски уметници со потпросечна плата. Целта на синдикатот е достигнување на најниската плата на носителите на дејност да биде две просечни републички плати.
Фактор: Во најавата за протестот велите дека нема политичка заднина. Но, сепак се случува во време на голема политичка криза, во време на протести и контрапротести. Зошто токму сега и Вие?
Илиески: Сакавме да ја нагласиме нашата независност како Синдикат. Одлуката да протестираме се случува сега, бидејќи конечно ја добивме регистрацијата на нашите синдикални членки, а исто така од нашите правни застапници го добивме решението од Уставен суд кој што не постапувал по нашата иницијатива за изземање од Законот за јавен сектор, каде што пред две години поднесовме иницијатива. Уставниот суд самиот си ја погазува одлуката од 2011 година, каде што ја потврди нашата иницијатива да бидеме изземени од Законот за јавни службеници. Протестираме бидејќи ги искористивме сите правни инструменти за заштита на нашите членови. Наша главна порака до новиот Парламент ќе биде укинување на овие законски измени. Доколку во период од првите 100 дена, не се исполнат нашите барања, културата ќе пристапи кон Генерален штрајк.
Фактор: Колку политиката е навлезена во културата во земјава?
Илиески: За жал доста голем број колеги се исполитизирани. Политиката е право на избор на секој поединец, но не ги оправдувам оние кои имаат раководни позиции во институциите од елитната култура, кои што треба да се огледало и пример на народот, а секојдневно имаат дискриминирачки изјави кон граѓаните кои размислуваат различно од нив. Тоа е недозволиво.

Слично