Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОТЕСТ: Гевгелиските таксисти лути, не им дозволуваат да возат мигранти!

ПРОТЕСТ: Гевгелиските таксисти лути, не им дозволуваат да возат мигранти!

Со протест и незадоволство гевгелиските таксисти го изразија револтот бидејќи им е одземено правото да возат мигранти.

Тие тврдат дека мигрантите до Табановце се превезуваат само со воз по наредба на некоја надлежна институција.

„Веќе неколку дена не превезуваме бегалци по нечија наредба“, велат таксистите напоменувајќи дека од оваа работа им зависи егзистенцијата.

Тие не знаат која институција го наложила правото мигрантите да се возат само со воз, и порачаа доколку до четврток не добијат одговор кој ова го наложува повторно ќе протестираат пред општината.

Таткото на градот пак Франгов вели дека барањата на такси превозниците веќе ги пренел до центарот за управување со кризи, и дека ќе настојува да се најде прифатливо решение.

Слично

Поврзани вести