Економија, финансии, бизнис

Контакт

Протест денеска нема, утре продолжува „Шарената револуција“

Протест денеска нема, утре продолжува „Шарената револуција“

Здружението „Протестирам“ на својот Фејсбук профил објави дека денеска нема да биде организиран протест во Скопје.

„Со протести продолжуваме во понеделник во 18 часот – побројни, покоординирани и со нови сили и енергија“- пишуваат од  „Протестирам“.

Демонстрантите во текот на вчерашниот протест стоеја со огледала пред полицајците, кои се нови реквизити на протестите,  а лавовите кај мостот „Гоце Делчев“, во близина на Владата, беа бојадисани во многу бои, симболично, во знак на „Шарената револуција“.

Досега се протестираше 11 дена во Скопје, но и во другите градови, со барање шефот на државата, Ѓорѓе Иванов да ја повлече одлуката за аболција на политичари.

И минатата недела немаше протести, а сите останати денови граѓаните се собираат во 18 часот пред СЈО, по што револтот го изразуваат пред Собранието, Владата, ЕУ Инфо центарот.

Слично

Поврзани вести