Економија, финансии, бизнис

Контакт

Протераните дипломати од Бугарија заминуваат со два авиони од Русија

Протераните дипломати од Бугарија заминуваат со два авиони од Русија

Два авиони на Руската Федерација денеска во попладневните часови ќе ги однесат протераните 70 дипломати и вработени во руската амбасада и нивните роднини.

Информацијата ја потврди Министерството за надворешни работи на Бугарија, додека во доменот на шпекулациите е дека вкупниот број руски државјани кои ќе ја напуштат Бугарија е над 100 лица.

Бугарскиот премиер во заминување, Кирил Петков, на 28 јуни соопшти  дека неговата земја протерува  70 руски дипломати и технички персонал од руската Амбасада во Софија. Исто така се протерува и перосналот на руските генерални конзулати во Русе и Варна.

Аргументот за статусот „персона нон грата“ е дека тие се занимавале со активности некомпатибилни со нивниот дипломатски статус и со шпионажа.

Русија се заканува дека ќе ги прекине дипломатските односи со Бугарија, но засега нема никаква одлука.


Слично

Поврзани вести