Економија, финансии, бизнис

Контакт

Протекоа информации за средбата Заев - Ципрас

Протекоа информации за средбата Заев - Ципрас

Доколку не се случи нешто непредвидено, на 17 мај во Софија ќе се одржи најавената средба меѓу Зоран Заев и Алексис Ципрас, на маргините на Самитот ЕУ -Западен Балкан, објави грчкиот информативен портал „Њуз247“.На средбата меѓу двајцата премиери се очекува да се побара постигнување конечен договор за спорот со името и негово решение. 

Дипломатски извори за „Њуз247“ потенцираат дека и покрај тешкотиите што постојат, постигнат е важен напредок и договор во поголемиот дел од темите во преговорите, и покрај тоа што останува главната разлика за употребата на името ерга омнес, пишува порталот и додава дека Заев и Ципрас имаат „отворена телефонска линија, иако разговорите и контактите не се објавуваат.


Слично

Поврзани вести