Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОСВЕТНИТЕ РАБОТНИЦИ НАЈАВУВААТ НОВА БОРБА: Почнуваат трибини за поквалитетно образование!

ПРОСВЕТНИТЕ РАБОТНИЦИ НАЈАВУВААТ НОВА БОРБА: Почнуваат трибини за поквалитетно образование!
Наставниците и професорите  повторно се враќаат на образовната сцена. Од следната  недела преку еднодневни  трибини „Заслужуваме подобро образование„  ќе дискутираат за проблемите во образовниот процес. Од Центарот за меѓуетничка толеранција и просветните  работници кои се организатори на трибините,  велат дека изминатата година помина во знакот на јавно изразеното незадоволство на учениците, наставниците, професорите и таа борба мора да продолжи. Проблемите,  според  професорот Владо Димовски, генерален секретар на ЦМТБ,  останаа нерешени и се таложат повеќе години,  па поради желбата за задоволување на личните и партиски интереси на поединци,   нивната “борба” испадна посилна од борбата за поквалитетно образование. “Нештата лани започнаа навидум на почетокот на календарската година уште во јануари со штрајк на СОНК за кој се испостави дека бил само маска пред народот. Многу е тажно кога ќе сватиме дека оние кои ние како просветни работници ги финансираме буквално не изиграа. Требаше да ја почувствуваме играта на синдикалното раководство и власта,  но ете тоа ни се случи. Поверувавме на погрешни луѓе кои за жал се повеќе ги има во образованието. Верувам и убеден сум дека тоа никогаш нема да ни се повтори. Неможноста на наставничката фела да се справи со проблемите во  партизираното образование и игрите на СОНК ќе остават длабоки траги во воспитно- образовниот процес. Сепак можам да заклучам дека грешката не треба да ја бараме ниту во СОНК ниту во МОН, грешката е во нас самите. Недоволно храбри, недоволно гласни и неиздржливи до крај на оние малку гласните”-оценува професорот Димовски. Трибините кои треба да траат до крајот на март очекува да бидат почеток на  плодни дискусии и предлози претежно од нивните  колеги просветни работници, но свое учество ќе можат да имаат и граѓански активисти, ученици средношколци, студенти и родители. Со трибините ќе модерираат искусни и признати просветни работници од градовите во кои ќе се одржуваат.Засега нивната реализација е закажана за Охрид, Делчево, Куманово, Скопје и Битола. Темите за трибините се следни: „Учебници и учебни помагала„- Охрид,  „Употребата на ИКТ во образованието„-Делчево,  „Екстерно тестирање во основните и средни училишта„- Битола „Квалитетот на денешното образование„-Куманово, „Условите во основно и средно образование„- Скопје Покрај  на овие теми, според Димовски  ќе се разговара и за другите проблеми во образованието, кои потсетува ги има многу, а истите се премолчуваат поради силните притисоци врз наставниот кадар. “Притисок секако постои,  кај кои помалку кај кои повеќе, но недостасува храброст да се спротивстават на тој притисок оние кои се притиснати. Ако се нема храброст тогаш стравот е огромен и тука нема трета опција освен повлекување , молчење  и да се чува кубурата за “недај боже”. Во најголем број случаи на некои кобајаги гласноговорници многу поважно им било да направат селфи со некои партиски функционер или селфи во некоја државна институција, одколку да продолжат со гласноста и борбата за поквалитетно образование. Да не заборавиме, голем дел од просветните работници се доста храбри, а тоа ќе го докажат со учество на трибините во организација на Центарот за меѓуетничка толеранција. За два дена  на нашиот  меил има пристигнато над 240 пријави за учество на трибините од кои 80% се просветни работници вработени во основните и средни училишта. Учесниците на трибините  ќе треба да пополнат пријава за учество на трибина која ќе можат да ја најдат под оваа објава. Пријавата треба да се пополни и испрати најдоцна седум дена пред датумот на одржување на трибината, а известувањето од страна на организаторот за потврдено учество ќе ја добијат  на меил во рок од два дена од денот на пријавувањето. Меилот на кој можат да се пријавуваат  и да поставуваат  прашања за јавно обраќање и присуство е  cmtbskopje@yahoo.com со назнака за која трибина и во кое место”-додава Димовски. Коренот на образовните проблеми според него е во честите законски измени и недореченоста на истите кои како што  вели  го оптоварија воспитно-образовниот процес и го доведоа образованието на најниско ниво. Просветните работници, потенцира, не се плашат од  обврските кои се наметнаа последниве години во делот на наставно-административното работење, бидејќи нивната работа е многу повеќе од пишување оценки и внесување на податоци. Ова е порачува благородна работа од која крајниот ефект треба да биде знаењето но и воспитувањето, а тоа можат да го исполнат само професионалци кои ќе бидат ослободени од стегите на притисокот и партиските влијанија. “Многу, многу честите и набрзина,преку ноќ донесувани измени со ненавреме обезбедени услови за истите создадоа конфузија во работењето на просветните работници. Неможам  да поверувам дека законски измени за образование се носат по скратена и итна постапка без никакви претходни анализи а донесени и изгласани од луѓе   без образование  или со недооформено образование. Тука се изгуби секаква смисла за напредок на образованието, почит кон своите учители, смисла за разумно размислување за сопственото  образование.Во моментов немаме добар образовен систем тоа е факт. Ако во воспитно образовниот систем во Република Македонија работат, имаат несоодветно образовани дури и земаат иста плата со високообразованите просветни работници  дури 22,7%  таканаречени наставници што треба да се очекува од идните академски граѓани во државава”-нагласува Димовски. Во 21-от век кога образовниот процес станува глобален предизвик на знаење и научно-истражувачка дејност, кај нас вели генералниот секретар на Центарот за меѓуетничка толеранција, е предизвик како да се обезбедат основните услови за работа, особено во руралните подрачја каде оценува дека ситуацијата е повеќе од алармантна. “Многу малку внимание се посветуваше и се посветува на руралните средини каде учениците се со многу чисти души,  а немаат ни вода да си ги измијат рацете пред ужинката (онаму каде ја имаат). Условите се мизерни ако ги погледнеме брзите реформи на компјутеризација кои се спроведуваат со неисправни и недоволно обезбедени компјутери, недоволно создадени услови за одржување на редовна настава, со искршени прозорци и врати, несоодветни услови за лична хигиена на учениците. Во еден голем број на основни и средни училишта со години се издаваат решенија за затворање на поодделни простории или цели училишта од страна на санитарните инспектори кои никогаш во пракса не се спроведуваат. Е тоа не се услови за квалитетно образование во 21 век.Затоа колеги и ученици -одважете се и побарајте ги своите права за поквалитетно образование, а за надлежните- симнете се малку на земја и погледнете го вашиот  ткн. труд за квалитетно образование,  бидејќи од облаците лесно се паѓа”-порачува професорот Владо Димовски. С.Б.
Слично

Поврзани вести