Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ПРОСТРЕЛНИТЕ РАНИ НА ПОВРЕДЕНИОТ СРБИН СЕ ТЕШКИ, ИТНО Е ПРЕНЕСЕН ВО КРАЉЕВО“: Детали за состојбата на Милјан

„ПРОСТРЕЛНИТЕ РАНИ НА ПОВРЕДЕНИОТ СРБИН СЕ ТЕШКИ, ИТНО Е ПРЕНЕСЕН ВО КРАЉЕВО“: Детали за состојбата на Милјан

Автомобилот „Audi Q 5“ бил целосно изрешетан и само од неверојатен сплет на среќни околности возачот не бил повреден, а Милјан Делевиќ кој бил на совозачкото седиште се здобил со прострелна рана на градниот кош и тоа од левата страна и за среќа не е во животозагрозувачка состојба, пишуваат српските медиуми.

Во меѓувреме со соопштение се огласи и косовската полиција, но останува нејасно зошто испукале толку куршуми со очигледна намера некого да убијат.

„Раните се сериозни, но животот на Милјан не е во опасност“

Директорот на Општата болница во Краљево, Зоран Мрвиќ оцени дека раната е сериозна, но дека Милјан, за среќа, не е опасен по живот.

Како што рече, на пациентот му е направен скенер, лабораторија и сите потребни анализи.

- Физичката повреда е сериозна, но пациентот не е витално загрозен, се надеваме дека брзо ќе закрепне - изјави Мрвиќ, изјави Мрвиќ.




Слично

Поврзани вести