Проститутките и дилерите ја спасија Италија од рецесија!
Заработувачката на проститутките и дилерите овојпат добро им дојде на Италијанците - заради оваа „стопанска“ дејност на црно земјата избегна рецесија.
Додавајќи ја илегалната заработувачка од проституцијата и црниот пазар, третата најголема економија на еврозоната успеа да го зголеми својот БДП.
Иако италијанската статистичка агенција ИСТАТ потврди 0,2% пад за вториот квартал, ревизијата на првиот квартал овозможи Италија да ја избегне третата рецесија во последните шест години.
Имено, новиот статистички систем SEC 2010, има за цел да ја олесни споредбата на податоците меѓу земјите без разлика дали во нив е озаконета проституцијата и дали се декриминализирани дрогите.
Ваквата ревизија носи олеснување за Владата на Матео Ренци, која се бори да ги поттикне економските активности и да ги поттикне реформите, а во истовреме да го задржи дефицитот под 3% согласно правилата на ЕУ.
Се очекува внесувањето на податоците за овој „црн“ пазар да помогне да се намали и италијанскиот долг, кој сега изнесува 132% од БДП, додека ЕУ пропишува максимални 60%.
Слично
