Економија, финансии, бизнис

Контакт

Проширување на ЕУ ќе продолжи – тврди Могерини

Проширување на ЕУ ќе продолжи – тврди Могерини

Проширување на ЕУ ќе продолжи и важно е европските институции да бидат кредиблни во тој процес, изјави шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини по вчерашниот самит за Западен Балкан во Париз.

Таа додава дека проширувањето на ЕУ е многу важно за мирот и стабилноста, но исто и за интересот што Европејците го имаат за напредување на балканскиот регион кон Европската унија.

„Овој Самит е важен и за нашата безбедност, бидејќи миграциската криза уште постои и ризикот од радикализација во регионот не обврзува да работиме заедно. Ова е важен состанок тука и ќе работиме и на дневно ниво за да го направиме овој процес реалност за секоја од шесте земји од Балканот“ - рече Могерини.

Според неа, интересот што Европејците го имаат е за напредување на балканскиот регион кон Европската унија.

Слично

Поврзани вести