Просечната плата во Словенија поголема од 1000 евра
Во Словенија минатата година просечна плата во нето износ била 1005,64 евра, или номинално 0,9 а реално 0,7 одсто поголема од 2013 година.
Платите во јавниот сектор биле поголеми и изнесувале 1,142,34 евра, а во државниот сектор 1,128,43 евра, 0,9 одсто повеке од 2013 година, додека во приватниот сектор изнесувале 932,62 евра и на годишно ниво биле поголеми за еден процент, објави државниот статистички завод на Словенија.
Месечна просечна нето плата во декември минатата година била 1,021,37 евра и била за околу 15 евра поголема од просечната плата во текот на 2014 година, а во споредба со 2013 година била поголема за 1,4 одсто.
Просечна месечна бруто плата за декември изнесувала 1,540,50 евра и во однос на ноември била пониска за 3,9 одсто, а во однос на декември 2013 година повисока за 1,6 одсто.
