Економија, финансии, бизнис

Контакт

Просечната плата во Македонија пониска од 21.500 денари

Просечната плата во Македонија пониска од 21.500 денари
Просечната нето плата во Македонија во мај годинава изнесувала 21.483 денари, покажаа податоците на Државниот завод за статистика. Вака пресметана, нето платата е за 0,9% повисока во споредба со истиот месец лани. Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности (10.9%), Градежништво (8.2%) и Административни и помошни услужни дејности (6.4%). Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, по вработен во мај 2014 изнесува 31.429 денари. Намалување на просечната нето плата  е забелеажна во секторите – земјоделство, шумарство и рударство и вадење камен. Во мај годинава, 1,6 отсто од вработените во земјава не примиле плата.  
Слично

Поврзани вести