Просечната плата во Македонија недоволна за потребите за едно четиричлено семејство
Семејниот буџет за едно четиричлено семејство во земјава во октомври годинава бил покус за околу 11 илјади денари. До ваква математика дошол Сојузот на синдикати од каде велат дека на секое четиричлено семејство во земјава за да го истурка месецот потребни му се околу 500 евра буџет.
Математиката на Сојузот на синдикати е едноставна. Доколку од неопходните 500 евра за живот се одземе просечната македонска нето плата која во октомври годинава Државниот завод за статистика ја заокружи на 21.717 денари се добива податок кој говори дека за истуркување на цел месец недостигаат уште околу 11 илјади денари.
Според калкулациите на Државниот завод за статистика просекот на македонската нето плата во земјава во октомври годинава изнесувал 21.717 денари.
Од таму додаваат и дека, според пресметките, регистриран е незначителен раст од 2,2 отсто во споредба со истиот месец претходната година.
Последната анализа за годинава за нето платите покажува дека растот се должи на зголемените плати во секторите рударство и вадење на камен, градежништво и дејности на здравствена и социјална заштита.
Статистичкиот раст на платите неколку месеци наназад се уште не се чувствува во домашниот буџет бидејќи, како што коментираат граѓаните, трошоците пред новогодишните празници им се поголеми бидејќи тогаш се поскапува.
Намалување на просечната нето плата е забележана во секторите земјоделство, шумарство и рибарство.
Во октомври годинава, 1.4% од вработените во Република Македонија работеле, а не примиле плата.
Слично
