Економија, финансии, бизнис

Контакт

Просечната плата во Cрбија во јули изнесувала 44.182 динари

Просечната плата во Cрбија во јули изнесувала 44.182 динари
Просечната нето заработка во Cрбија исплатена во јули изнесувала 44.182 динари што е номинално за 0,5% помалку од јуни, а реално повеќе за 0,4%. Во споредба со просечната заработка исплатена во јули 2012 година, нето заработката била номинално поголема за 7,3%, а реално помала за 1,2%. Во јули просечната бруто заработка била 60.896 динари и номинално била помала за 0,8% од заработката исплатена претходниот месец, а реално била поголема за 0,1%. Просечната нето заработка исплатена за седум месеци во 2013 година номинално, е поголема за 6,3% од заработката исплатена во истиот период лани, а реално е помала за 4,1%, додека пак, просечната бруто плата номинално е поголема за 6%, а реално помала за 4,3%.
Слично

Поврзани вести