ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА Е ЗА 11 ОТСТО ПОВИСОКА ОД ЛАНИ: Koлку заработуваат Македонците?
Просечната нето плата во мај изнесувала 45.796 денари.
Според најновите податоци од Државниот завод за статистика (ДЗС), просечната исплатена нето-плата во мај годинава достигна 45.796 денари, што претставува пораст од 11 проценти во споредба со истиот период лани.
Од ДЗС објаснуваат дека ова покачување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во одредени сектори. Најголем пораст е забележан во „Финансиски дејности и дејности на осигурување“ со 23,9 отсто, потоа во „Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли“ со 15,1 отсто и во „Образование“ со 14,4 отсто.
Во мај 2025 година, просечната бруто-плата по вработен изнесуваше 68.859 денари.
