Просечната пензија во Македонија е 12 000 денари
Во Македонија, просечна пензиска плата во април oваа година, 296.529 пензионери зеле во просек по 200 евра, според Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.
„Просечната пензија во април 2015 година изнесува 12.432 денари што на годишно ниво претставува зголемување од 0,1%. Соодносот на просечната пензија со просечната исплатена плата во март 2015 година изнесува 58,2%. Просечната старосна пензија во април изнесува 13.840 денари и е за 0,3% пониска од истиот период лани. Просечната инвалидска пензија изнесува 11.180 денари и е непроменета во однос на минатата година, додека просечната семејна пензија изнесува 9.843 денари и е пониска за 0,1% во однос на април минатата година. За исплата на пензиите во април 2015 година се потрошени 3,58 милијарди денари, што претставува 50,8% од вкупните социјални трансфери“, стои во извештајот за краткорочните економски движења на Министерството за финансии.
Инаку, од вкупниот број на пензионери 59,8% се корисници на старосна пензија, 25,9% на семејна пензија и 14,3% на инвалидска пензија.
