Просечната нето плата во октомври била 360 евра-Доволна ли е за да се преживее месецот?
Просечната исплатена нето плата во земјава во октомври 2015 била 22.213 денари (360 евра), што е за 2,3 одсто повеќе отколку во истиот период лани.
На зголемување на просечната заработка најмногу влијаел растот на платите во секторот на уметност, забава и рекреација од 34,2 одсто, административни и други помошни дејности од 9,3 одсто и други услужни дејности од 8,3 одсто.
Според заводот за статистика, зголемувањето на просечната октомвриска исплатена плата во однос на септември е забележано во рударството и вадење на камен и градежништвото (3,6 одсто) , (3,4) одсто и трговија на големо и мало (3,1 одсто).
Просечната исплатена бруто плата во октомври оваа година била 32.597 денари (529евра), што е 2,4 одсто повеќе отколку истиот период минатата година. Во октомври 2015 1,2 одсто од вработените не примиле плата.
