Економија, финансии, бизнис

Контакт

Просечната нето плата се зголемила за помалку од 1% од лани

Просечната нето плата се зголемила за помалку од 1% од лани
Просечната нето плата во Македонија во април изнесувала 21.175 денари и е за 0,9% повисока од платата исплатена истиот месец лани. Зголемувањето се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво (7.4%), Дејности во врска со недвижен имот (5.6%) и Административни и помошни услужни дејности (5.2%). Во истовреме, има пад на платата во секторите: Рударство и вадење на камен (15,2%) и Јавна управа и одбрана;задолжително социјално осигурување (1,6%). Највисока просечна нето плата и натаму има во секторите Финансиски дејност и дејности на осигурување и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (нешто помалку од 40.000 денари во просек), додека најниска е во секторот Административни и помошни услужни дејности (помалку од 15.000 денари во просек). Бруто платата, во истиот период од април лани до април годинава се зголемила за 0,7% и изнесува 31.027 денари. Во април 2014 година, 1.5% од вработените во Република Македонија воопшто не примиле плата.
Слично

Поврзани вести