Економија, финансии, бизнис

Контакт

Просечната јануарска плата во земјава е 21.185 денари

Просечната јануарска плата во земјава е 21.185 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната исплатена плата во јануари е зголемена за еден процент во однос на јануари 2012 година.

Исплатената нето плата за јануари годинава изнесувала 21.185 денари, додека  бруто платата 31.090 денари.

Растот кај нето и бруто платата, според Статистика,  се должи главно на покачувањето на исплатените плати во секторите Рударство и вадење на камен, Други услужни дејности и Градежништво.

Намалување на платата во однос на претходниот месец е забележано во секторите Информации и комуникации, Административни и помошни услужни дејности и Финансиски дејности и дејности на осигурување.

Слично

Поврзани вести